ЕКСКЛУЗИВНО : Деновите што претстојат ќе има РАДИКАЛИЗАЦИЈА на бомбите, ,,Шпион” , ,,А1″, ,,Смиљковско” МЕЃУ ПРВИТЕ БОМБИ КОИ ЌЕ ЈА РОКНАТ ДИКТАТУРАТА!

0
378

Радикализација е она што ќе следува во иднина, а истовремено бомбите ќе продолжат. Најавените А1, Шпион, Смиљковско ќе бидат меѓу првите.Притисокот на јавноста е голем врз опозицијата да продолжи да ја разоткрива вистината за владеењето на режимот.

sdsm12

Денеска на средбата на коалицијата “Граѓаните за Македонија” во која членуваат многу партии, меѓу кои и СДСМ, но и 80-тина невладини организации произлегоа следните предлози и сугестии:

– Продолжувањето на разговорите под покровителство на Европската Унија може да се разгледува и поддржи уште многу кратко време;

– Веднаш започнува подготовка на идни чекори кои ќе ги превземеме и кои што ќе бидат порадикални од моменталната форма претставена преку Кампот на слободата, а ќе стартуваат веднаш после краткиот период даден како можност за продолжување на разговорите;
– Продолжува проектот “Вистината за Македонија” со објавување нови докази и аргументи;
– Барањата на коалицијата “Граѓаните за Македонија” остануваат непроменети, а тоа е оставка од Никола Груевски, формирање преодна влада која ќе обезбеди пречистување на избирачкиот список, ослободување на јавниот сервис МРТ од контрола на власта, избор на независен Јавен обвинител, како и организирање целосно слободни и демократски избори, кои ќе ја одразат реалната политичка волја на граѓаните на Македонија.

Коалицијата “Граѓаните за Македонија” дава силна поддршка на Претседателот на СДСМ, Зоран Заев и на принципиелните позиции и ставови со коишто настапува во разговорите под покровителство на ЕУ, барајќи начин за излез од длабоката политичка криза во која што се наоѓа Република Македонија.

Извор : ПреспаСкај