ЕКСКЛУЗИВНО: УЖАС, КОШМАР – Локалната мафија на Груевски узурпира уште една јавна институција – Криминалот и непотизмот царуваат во Здравствениот дом во Делчево!

0
1903

Интегрално ви го пренесуваме писмото кое го добивме од група на вработени во Здравствениот дом во Делчево, а во кое се изнесуваат низа на незаконски и криминални однесувања на директорката на домот Т. П, како и за тортурата која ја спроведува врз т.н. „вмровци“.

Сите знаеме дека таа не е и никогаш не била вмровка. Прво беше членка на ДА па на НА па со СДСМ стана советник и потоа премина во ВМРО-ДПМНЕ и поради нејзината блискост со пратеничката Милка стана директор кај нас и од тогаш почнаа страдањата на вистинските вмровци во з.дом. Нејзин најблизок соработник и е Шефо на брзата помош Г. С.од скоро викан “Халкидики” кој е сомнителни морални и професионални квлитети со кој ги прават сите зулуми над нас.

Да почнеме по ред.

1. Во нејзино време снема 15000 евра од партиципација од з.Дом за кои таа го обвини И. вработен во з.дом и истакнат наш член а према нашите информации тој имал дозвола од неа за да не ги уплаќа парите, а таа да го штити.

2. Не е усвоена завршната сметка за 2015 година од страна на Управниот одбор, нешто што е казниво.

3. Купи службена кола Фиат без тендер, а додека едното комбе е на сервис и е расипано повеќе од 2 месеци, а другото не беше регистрирано, па имаме проблем при транспорт на пациентите.

3.Го избрка шоферот З.-Доце најголемиот вмровец во з.дом и тоа незаконски за да си направи место да го прими нејзиниот зет. Инаку таа одкако помина во ВМРО си ги запосли внукот и внуката од брат во з.дом, снаата од брат во гимназијата и снаата за нејзиниот син во основното училиште.

4.Додека ние страдаме таа им се умилкува на “комуњарите” во з.дом.Така да домаќино го стави да е и шофер 1 смена и да зема плус пари на платата додека на наши колеги кои работат во з.дом-Каменица не им исплаќа за превоз. Истотака отако осети декае можно да дојде до промена на власта во дражавата таа нејзиниот најголем неријател и член на комисијата за здравство во СДСМ Делчево ја назначи за шеф и и додели додаток од 3000 денари, бидејќи према сите муабети таа ќе биде новиот директор во З. дом ако СДСМ дојде на власт па таа да си биде заштитена после нејзината смена за директор.

Исто така спрема нашите сознанија таа веќе остварила контакти и со д-р И. секретар во СДСМ Делцево и К. Калц кои се нејзини роднини, се со цел после нејзината смена од директор да не биде гонена за проневерените пари после промеата на власта

5.Иако во здравствениот дом има фармацевт специјалист набавките на лекови ги прави медицинска сестра, а лекови и друг медицински материјал нема во з.дом. Фармацевтот е малтретитран целовреме додека е таа директор и нема пристап до лековите а единствено е поради тоа за да не се меша при набавката стоматолошки материјали за детска стоматологија -превентива одкаде потоа тие се префрлаат во приватна ординација на незјиниот син и брат. Тие се пак посебна приказна бидејки за сите стоматолошки услуги особено за услугите направени на Бугарите не им издават фискална сметка и им наплатува во странска валута.

6.Се враќа рата од кредит на бивша вработена во з.дом.

7.Не исплака по пресуда на вработените во итна помош по пресуда од суд а сите тамо се наши членови.

Извор : Мактел