ЕКСКЛУЗИВНО, УБИСТВЕН ПЛАН НА РЕЖИМОТ : Опозициски портал дојде до планот на Груевски и Мијалков за бомбата на Заев, еве кои ќе бидат следните чекори!

0
206

mijalkov-gruevski-s

Извори од ДУИ не контактираа и ни дадоа насоки за тоа кои ќе бидат следните чекори на Груевски и Мијалков по однос на т.н Пуч и бомбата на Заев. Планот ќе ве извади од памет затоа што е неверојатен.

Целата оваа хајка која се води овие два дена е со цел убедување на јавноста дека Македонија е нападната од странска служба и дека Заев е учесник во тој атак. Потоа во име на заштита на приватноста на илјадници граѓани кои наводно се прислушкувани од странска служба со учество на Заев, МВР планира по наредба на јавното обвинителство и судот да изврши масовна рација на целото раководство на СДСМ за да се запленат сите допкументи од бомбата на Заев.

Исто така ќе се прогласи за строго казниво за секој кој ќе објави документи од овој случај, ќе се заплашат порталите и новинарите со тоа што ќе се искористи новиот закон за аудио визуелни медиуми кој дава можност министерот за информации и МВР без судска постапка инстантно да гасат портали и ќе се гасат веб сајтови наводно за заштита на националните интереси. ќе се апсат новинари дури ќе се гасат и фб профили ако се забележат документи од бомбата на социјалните мрежи.

Во ДУИ не известија дека Муса Џафери наредил никако да не се мешаат кадрите на ДУИ во овој случај, да  ја остават оваа преметка на ДПМНЕ со СДСМ и да гледаат сеир. Ова било договорено меѓу Ахмети и Груевки. За тоа потоа Ахмети ќе наплати од Груевски на име тендери и политички попусти на најрзаслични теми.

Латас вчера го најави ова сценарио со тоа што му се закани на Заев да не се осмелува да ја објавува бомбата затоа што ќе лежи затвор додека е жив. Денеска СДСМ стапи во контакт со амбасадорот на ЕУ во Македонија, Аиво Орав со што веројатно е побарана поддршка по основ на ова сценарио.

Останува да видиме како ќе се одвиваат настаните. Не се сомневаме дека Груевски и Мијалков се способни за едно вакво страшно сценарио. Со поддршката на МТВ, Сител, Канал 5, Алфа, Дневник и порталите, режимот се надева дека ќе се спаси. Да се надеваме дека опозицијата има план како да се справи со овие луди замисли на врвот на ДПМНЕ.

Извор Мактел