ЕКСКЛУЗИВНО: ТАЛИБАНСКИТЕ ВРЕДНОСТИ НА ДЕЛО, СЛУЖБЕНИК ВО ОПШТИНА „ГАЗИ БАБА“ ФАТЕН СО ФАЛСИФИКУВАНА ДИПЛОМА

0
298
Службеник во општина „Гази Баба“ фатен со фалсификувана диплома! Станува збор за Благоја Кчев, вработен во одделението за комунални работи повеќе од 20 години. При увид во неговото досие во 2012 година е констатирано дека дипломата за завршено факултетско образование која што е приложена при неговото вработување е фалсификувана.
За случајот се информирани и службени лица од МВР кои извршиле увид и констатирале неисправност на документите, но по налог на градоначалникот на општина „Гази Баба“, Тони Трајковски, негов близок пријател и Коце Трајановски, МВР не превземала никакви дејствија за кривичното дело лажно претставување. Случајот оди дотаму што дури ни самиот градоначалник Трајковски не го отстранува од работното место, и му дозволува да излегува од работа се со цел да запише магистерски студии и да ги заврши истите на штипскиот универзитет во најкраток можен рок.
Кчев магистрира во 2014 година на тема: „Пластични деформации на флексибилните коловозни конструкции на површини со посебен режим на сообраќај во Град Скопје“, а доказ за тоа е и соопштението на страната на штипскиот универзитет „Гоце Делчев“ кое следи во прилог.
http://eprints.ugd.edu.mk/13257/
Овој податок е сосема контрадикторен со фактот што во 2015 година Кчев дипломира и добива диплома за завршено факултетско образование. Согласно Болоњскиот систем на студирање прифатен кај нас, по завршување на додипломските студии, студентите можат да упишат магистерски студии. Кчев е досега единствениот суи генерис случај кој магистрирал во 2014 година а дипломирал една година подоцна, а се претпоставува дека вакви случаи кои ги штитат режимските големци има многу.
Кчев, меѓу другото е запишан и во Комората на овластени архитекти и овластени инженери на Македонија. Бил потписник на голем број проекти преку кои градоначалникот Трајковски профитирал, па со тоа го осигурал сопственото работно место. Голем дел од проектите за кои зборуваме се сосема промашено, но поради пријателските релации на Трајковски и Кчев, надлежните не превземале никакви мерки. Случајот сеуште останува отворен и во МВР како и во општината, а не е покренат никаков обвинителен акт согласно управното законодавство на Република Македонија и покрај тоа што Кчев би требало да добие кривична пријава и да му биде врачен отказ. Истрага не е покрената ниту за раководните органи на општината кои не превземале никакви мерки но и за градоначалникот Трајковски.