ЕКСКЛУЗИВНО : Неколку поенти зошто Латас , Грујо и Ахмети по лидерската средба се како ДА ШМУКАЛЕ ОГРОМНА КОЛИЧИНА НА ЦИТРОНИ КОМБИНИРАНО СО ЛИМОНИ!

0
324

По денешната средба на лидерот на опозицијата Зоран Заев и премиерот Груевски со посредништво на еврокомесарот Јоханес Хан може слободно да се донесат неколку заклучоци. Заклучоци од кои што може да се констатира дека владеењето на Груевски е пред самиот крај и најверојатно ќе финишира на 10-ти Јуни.

johanes-han-540x248

Заклучок број 1 : Избори ќе има што значи Груевски признава дека тој не е волја на народот и неговата изјава дека токму тој одлучува кога ќе има избори а кога ќе нема паѓа во вода. Заклучок број 2 : Ќе има транзициона преодна влада до Април 2016-та година, за која денес воопшто не е разговарано, а ќе се дефинира за една недела во Брисел, што исто така значи дека Груевски призна дека ќе поднесе оставка ,а тоа значи дека за да има нова влада старата треба да поднесе оставка. Заклучок број 3 : Доколку за една недела не се договори преодната влада без Груевски како премиер во неа, договорот постигнат денес повеќе не важи а опозицијата излегува од преговорите. Заклучок број 4 : На Хан не му поминува планираното за кое самиот дојде во резиденцијата на Европската унија во Скопје, за една недела во Брисел ќе бидат и тројцата европратеници, каде со нив тешко дека ќе му помине тоа што субверзивно планирал денес да му помине.

Ова се сублимираните 4 поенти кои денес успеа да ги добие опозицијата и да ги зајакне своите преговори кој треба да се одржат во Брисел на 10-ти Јуни, што ја подразбира нервозата кај Груевски и Ахмети кој денес по 8 часовната лидерска средба предводена од еврокомесарот Хан излегоа како полуживи.