ЕКСКЛУЗИВНО : Изјавата на Месила Дода е дело на Едмонд Темелко и ВМРО-ДПМНЕ, партиите на Дода и Темелко се коалициони партнери во албанскиот парламент

0
4051

Месила Дода, пратеничката од Партијата за правда, интеграција и единство во албанскиот парламент која вчера изјави дека Македонија како држава не постои, дека тоа е стара албанска покраина и се вика Илирида и дека Албанија е подготвена да им помогне на Албанците од другата страна на границата е всушност дело на Едмонд Темелко, градоначалникот на општина Пустец.

Партијата на градоначалникот од Пустец Едмонд Темелко, Македонска алијанса за европска интеграција е всушност коалиционен партнер на Партијата за правда, интеграција и единство во албанскиот парламент.

Оваа изјава на Месила Дода е дел од сценариото скроено во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ со која што изјава треба да се потпали националистичката и фашистичка реторика на поддржувачите на Груевски и со тоа да се ескалира во меѓуетнички судир но и меѓудругото да се амнестираат од одговорноста за злоделата кои ВМРО-ДПМНЕ и Груевски ги правеа врз целиот народ во Македонија.