ЕКСКЛУЗИВНО ИНТЕРВЈУ СО ДР.АНГЕЛЧО АНДОНОВСКИ, ЧЛЕН НА КОМИСИЈАТА ЗА ЗДРАВСТВО ПРИ СДСМ – БОРЦИ ЗА НАРОДНО ЗДРАВСТВО

0
1146

Ангелчо Андоновски, лекар и педијатар кој се усовршувал на Тракијскиот универзитет ,,Стара Загора” и во специјалната јапонска болница ,,Токуда” која се наоѓа во Софија – како и во Падова и Париз. Зад себе има голем број на труд и учества на конгреси одржани од областа на педијатријата а воедно има и фармацевстско работење. Освен како лекар во својата професија др.Ангелчо Андоновски е познат како борец за правилен и функционален систем во Македонија.

Тој е првиот лекар кој во најтешките моменти истапи во јавноста за да го крене својот глас против уништувањето на севкупното здравство во Македонија со воведените реформи.

Народен Глас : Doktore Andonovski Makedonskoto zdrastvo gledano od drugata strana na ordinacijata dali ni e bolno?Dali ni e siroma{no ili pak liчi na Дrжava koja ima vtorа rasteчka ekonomija vo Еvropa spored drжavnite institucii?

А.Андоновски : Како лекар и човек кој што помага на нашите пациенти можам да кажам дека според мене најбитното нешто е здравјето на Македонските граѓани без разлика на верска и етничка припадност .Тие се носители на севкупното општество и нивното здравје значи и продуктивност и напредок на една држава. Кога станува збор за тоа дали сме богато или сиромашно здравство доволни се сите досегашни лоши и смешни постапки од страна на министерот и владеачката структура која упорно деградира и крати врз сметка на здравјето на граѓаните а во лагите нивни не навлегувам сепак мислам дека се доволно прозирни за да секој свесен човек утврди колку има вистинитост и државотворност во секоја нивна срамна одлука.

Народен Глас : Doktore se pojavivte za prv pat vo javnosta glasno da alarmirate za haosot vo zdrastvoto vo periodot na bombite,tajmingot go odredivte motiviran od hrabrosta na Заев . I gadostite koi gi sluшavme,ili nemoжnosta veke da go gledate uжasot vo zdrastvoto?

А.Андоновски : Хаосот во здравството стана хорор , ноќна мора како за народот така и за професионалците. Сите веќе беа дојдени до работа токму во тој период се случија и најлошите реформи во здравствениот систем , најголемите деградации на професионалците на севкупниот медицински персонал. Ресорниот министер под изговор дека работи во интерес на народот го уништи севкупниот медицински приватен сектор , ги оштети фирмите ги избрка најзвучните имиња во медицината, го натера врвниот клинички персонал и професионалци да заминат во приватните болници и надвор од државата. Со тоа го деградира името на врвните клинички државни институции со тоа го суспендира и Медицинскиот факултет и ја наруши неговата автономија. Едноставно не можев да останам нем на сето тоа што се случуваше и одлучно го кренав својот глас за да барем малку ја разбудам свеста на своите колеги и на интелектуалното јадро дека навистина се случува најголемата мизерија во здравствениот сектор. Но сепак една ластовичка не ја чини пролета, за жал. Храброста на Зоран Заев беше еден многу битен момент кој даде додатна мотивација дека сепак храбрите и слободоумни луѓе нема да останат рамнодушни на режимскиот мрачен среден век кој ДПМНЕ го спроведуваа во Македонија.

Народен Глас : Vo toj period bevte првиот koј poчna otvoreno da zboruvaat za vistinskite problem vo zdrastvoto me interesira kakvi bea reakciite na vaшite kolegi?Вi se чudea na vaшata hrabrost?Вe podrжuvaa? Ve predupreduvaa znaejќi gi ludite metodi na vlastodrшcite? Dobivavte podrska ili predupreduvaњe da se pazite, od obiчniot graganin koj ve sreќava niz ulicite?

А.Андоновски : Многу е мачно да се најде вистинската светлина во еден тунел кој е мрачен од самиот почеток и ниту се надзираше некоја светлина но сепак сватив дека секој почеток мора да има крај и секој тунел мора да има излез и светлина на крајот на тунелот. Закани добивам и ден денес и постојано уредно пријавени и објавени не сакам да ги кријам бидејќи сакам да го убедам народот дека на лудилото нема крај дека се заблудени толкав голем број на граѓани за ситни интереси и дека не ја имале способноста да ја откријат позадината на целата ситуација која им се случувала пред самите очи. Колегите и ден денес се замолчани бидејќи пак ќе казажам некои од нив беа финанскиски замолчани другите беа замолчани брутално и таму постои огромна разлика. Сепак моите колеги верувам дека се интелектуалци кои пред се барем учеле и предмет психијатрија и знаат да ја препознаат вистинската работа во ова мачно време кое измина до сега. Имаат лекарите сила и интелект и би требале да го манифестираат тоа повторно заедно и сплотено едни со други раме до раме. Низ улиците се случуваше магијата која ми даваше сила да ја продолжам оваа моја идеологија на борец кој сака да нашиов народ заживее повторно и да не си ги гледа сопствените деца како заминуваат. Постојано бев поздравуван и бодрен и имав топлина која ми го грееше срцето и ми влеваше нова енергија. Има иднина во ова парче земја верувам во тоа но само со промени кои мораат да настанат и се неминовни.

Народен Глас : Dali Мakedonskoto drжавно zdraвstvo ima soodvetna infrastruktura koja ќe pruжi normalni uslovi za reшavanje na problemite na lugeto denes koga sme svedoci deka sekade niz svetот se gradat bolnici и zdrastveni ustanovi po najvisoki standardi?

А.Андоновски : Од секогаш сум верувал дека постои модел како ние треба да го прилагодиме нашето здравство на ранг на Европското здравство но со модус кој треба да биде добро подреден за наши услови. Болниците треба да се реконструираат и доведат во стандарди кои се потребни за нормално функционирање. Нам не ни требаат мега болници бидејќи и онака сме доволно исцрпени и уништени со расипничкиот однос на оваа ненародна власт. Претходно се мислело перфектно на инфраструктурни решенија и се работело по некој стандарди сеа е башибозук аминуван од страна на министерот СМРТ и неговата екипа а и фамилијата која стои зад сите дилови кои се веќе откриени и чекаат денот кога ќе бидат обзнаени.

Народен Глас : Kako vo praksa se pokaжa odlukata da se praќat Мakedonski lekari na doedukacija vo stranstvo?Dali spored vas potegot e ispraven ili uшte eden oчajniчki populistiчki poteg na Тodorov so koj priznava deka vaшite kolegi kasnat vo prateњeto na sovremenite medicinski protokoli?

А.Андоновски : Значи пред извесен период јавно излегов со своето мислење за тој медицински туризам каде моите колеги дури не им е дозволено да работаат освен да го гледат целиот процес без да се проба да се практикува рутината не се стекнува така лесно. Потрошени се огромни пари за тој проект , деградираноста на лекарите достигна невидени размери деградирани сме од човек кој не е во нашата фела а не ја ни познава воопшто залутан во нашиот простор. Има едно суптилно решение врвните професори кои појдоа во пензија можат да бидат ангажирани за да можат своето искуство да го предадат на нашиот медицински кадар тоа би било ем поефтино ем попрактично токму за нашите услови.

Народен Глас : Svedoci sme deka golem broj vasi kolegi zaminuvaat vo stranstvo po podobra egzistencija? Dali toa e rezultat na losite uslovi иli ednostavno veќe ne moжat da gledaat kako propaѓa Мakedonskiot zdrastven sиstem? Kako toj trend da go sоpreme?

Моите колеги и понатака ќе продолжат да заминуваат се до оној момент додека не настанат промени како во здравството така и во целата држава и целиот систем. Ние со правилно работење и домаќинско работење можеме да дозволиме и покачување на платите на лекарите и медицинскиот персонал а и да ги намалиме трошоците кои здравството како голем потрошувач ги има . Сепак напоменав дека прилагодувањето и воведувањето на тој нов модел мора да го спроведат луѓе кои се професионалци и кои имаат искуство во менаџирање и да се врзани со медицината а не правници или незнам информатичари. Воведување на нов здравствен ИТ систем за следење на пациентите и хроничните болни ќе ни биде од голема корист во насока на домаќинско работење.

Народен Глас : Kako чlen na komisijata za zdrastvo na SDSM koi merki ke gi prevzemete ako ja osvoi vlasta СДСМ da zapre trendot na propaganje na naшeto zdrastvo? A posle zapiraњeto na toj trend и fakaњe чekor so normalnite zdrastveni sistemi niz Еvropa!

Треба да се знае дека комисијата за здравство при СДСМ работеше напорно со голем број на стручни лица врз новата програма за здравствениот систем. СДСМ има решенија кои ќе го запрат сулудото трошење и пропаѓање на здравствениот систем. Имаме лидер на СДСМ кој е одлучен и храбар и со широки познавања на економскиот сектор кој е во неделива врска со здраствениот мислам дека сето тоа ќе биде изнесено со тешки но праведни маки за да може да дојде до стабилизација на здравствениот систем.

Народен Глас : Ako napravite paralela pomegu eks premierot i obvinet Nikola Груевски и ministerot Nikola Тодоров koj e pogolem populist ili uniшtuvaч na zdrastveniot sиstem vo Македонија .

Дефинитивно никаква разлика помеѓу нив двајца не постои. Можам да се изразам и поспецифично да секогаш послушниците се повиновни од налогодавачите поради простата причина што очигледно не размислуваат со сопствениот мозок ниту мислат на своите поколенија. Слепото следење и праволиниското одлучување носат последици кои се законски казниви во случај кога некој е поставен за раководител во таков сектор како што е здраствениот. Популизмот донесе да се заблуди народот а се докажа дека на лагата и се кратки нозете , злоупотребата на службената должност се знае како треба да се казни. Лагите испливаа на површината.

Народен Глас : Dali imate кoncept i ste spremni kako istaknat чlen na komisijata za zdrastvo na СДСМ ako СДСМ ја osvoi vlasta daли aktivno ќе се vkluчite vo reшavaњe na golemite problemи шto go tangiraat naшeto zdraвstvo? Dali spored vas dobar lekar moжe da bide и dobar politiчar?

Добриот лекар секогаш е пред се добар лекар . Но доколку поседува исклучителни менаџерски способности и вештина во раководењето и согледувањето на секојдневните проблеми кои се на теренот треба да му биде дадена шанса да се докаже и во политиката. Моето досегашно залагање само ќе го продолжам и доколку има потреба од моето искуство ќе бидам на располагање на новата демократска и државнотворна власт за носење на практични решенија се со цел да се подобри веќе уништениот здравствен сектор.

Народен Глас : Ви благодариме за вашето време

A. Андоновски : Ви благодарам и на вам како електронски медиум за просторот кој ми го отстапивте