ЕКОНОМСКА БОМБА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ЈОВАНОСКИ : Со гасификацијата компаниите ќе бидат поконкурентни на пазарот, а домаќинствата со намалени трошоци за греење!

0
242

Градоначалникот Илија Јованоски изразувајќи им добре дојде на високите владини претставници, премиерот Зоран Заев, вице премиерот Кочо Анѓушев и министерот за транспорт и врски Горан Сугарески на денешната средба со претставници од бизнис секторот во пелагонискиот регион, ги акцентираше бенефитите за компаниите и домаќинствата од реализацијата на капиталниот проект „Гасификација на Прилеп“, чии што активности се во тек.

„Мене особено ми е драго што на денешната средба на високите владини претставници: премиерот Зоран Заев, вицепремиерот Кочо Анѓушев, министерот за транспорт и врски Горан Сугарески со претставниците на бизнис секторот од Пелагонискиот регион се постигна високо чувство на договор. Владините претставници ветија инфраструктурни проекти,што ќе ги бидат направени следниве години во пелагонискиот регион. А, мене ми е особено драго што сите заедно ќе извршиме увид врз тековните активности од проектот гасификација. Во тек е нашата постапка за воведување секундарна гасификациона мрежа во нашиот град. Имено, Општина Прилеп формираше јавно претпријатие „Енерго –Прилеп“,чијашто дејност ќе биде изведување на секундарната мрежа во градот. А, придобивките на сите ни се познати. Компаниите ќе имаат поефтин енергенс и ќе бидат поконкурентни на пазарот, а домаќинствата исто така ќе имаат намалени трошоци за греење. Од друга страна ќе се намали загадувањето на амбиенталниот воздух и ќе имаме почиста животна средина“, рече градоначалникот Јованоски, денеска по средбата со високите владини претставници и бизнис секторот од пелагонискиот регион, што се одржа во големата општинска сала.