ЕДНАШ АПАШ ЦЕЛ ЖИВОТ АПАШ – АФЕРА „ЈУТОНГ“ : Ген. секретар на ВМРО ДПМНЕ, Јанушев како екс директор на ЈСП ја оштетил државата за 5.000.000 евра

0
856

Во новата истрага на СЈО наречена „Дизајн“ опфатени се четири службени лица поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“, меѓу нив, и генсекот на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев.

СЈО објави дека постои основано сомнение дека во периодот од 2009 и 2010 година осомничениот Миле Јанакиески како министер за транспорт и врски, осомничената Снежана Филиповска Павлеска како претседател на Комисијата за спроведување  јавни набавки, а осомничените Игор Јанушев и Јулијана Јанкуловска Атанасова како членови на комисијата за спроведување јавни набавки, на двокатни автобуси за град Скопје, формирана од Министерството, ги искористиле своите службени положби и овластувања и за економскиот оператор „Јутонг“ од Кина прибавиле корист, односно незаконско повластување – фаворизирање во постапката и склучување договор за набавка на 202 двокатни автобуси, нанесувајќи му штета на буџетот на РМ во износ од 5.000.000 евра.