Един Јакуповиќ: Сакам јавно да ја орхабрам турската заедница и сите граѓани на државата, режимот ќе падне!

0
287

Добро утро соборци! Добро утро Скопје граду мој! Добро утро татковино мила ти се поклонувам колку храбра си била! Ви се поклонувам на храброста која заедно ја даваме во изминатиот период да му се спротиставиме на режимот на ВМРО ДПМНЕ- ДПТ- и однеодамна приклучен уште една јадна и бедна фигура која ја продаде душата на режимот за ситни и лични интереси – лицето Ердоган Сарач .

Денес на 5 дена до падот на режимот сакам јавно да ја орхабрам турската заедница и сите граѓани на државата, режимот ќе падне, напиша Един Јакуповиќ, генерален секретар на ДНЕТ.

„Затоа сакам да ве потсетам зошто нема да гласам за криминална структура на режимот и фамилијата! Затоа што 45.17% од Турците живеат во сиромаштија! Криминалната структура на режимот го уништува еснафот на турската традиција! На една недела пред полугодието учениците на турски јазик сеуште немаат учебници на турски јазик! Не им дозволувате во училиштата да се образуваат на турски јазик- загарантирано уставно право! Турскиот театар поради кримогени тендер комбинаторики е заглавен во лавиринти, а градбата е во застој! Турската програма и радио во МРТВ го претворивте во режимско дувло! Го партизиравте судтвото! Илјадници турци и останати граѓани само затоа што не беа припадници на режимот им го уништивте животот.

Во цела држава, а посебно во источна Македонија ги репресирате, малтретирате и уценувате моите браќа од турската заедница, и сите граѓани на државата. Затоа што немаат основни услови за живот. Немаат пат, канализација во некои делови нема ни вода! Затоа што во турското маало сакате за уши и на сила да влечете чесни граѓани за глас! Затоа што тепавте студенти! Го рушевте Космос! Местевте избори! Продававте и уценувавте за работни места! Уценувавте со инспекции, казни и извршители! Направивте полициска држава! Здравтсвото е во колапс! Го поделивте народот! Ги натеравте младите масовно да се иселуваат од својата татковина!

Да не се повторат Мартин, Тамара… Нема да ви успее! Затоа ние членовите на ДНЕТ одлучно застанавме зад своите граѓани а не зад личниот интерес! Затоа ве повикувам на 11 декември да излеземе масовно на избори со заокружување на бр.4 да го поразиме режимот на системот и да го вратиме животот во Македонија. затоа што секој е важен! Затоа што Македонија е за сите.