ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА НА ЈАНКО БАЧЕВ СЕ ЗАКАНУВА ДЕКА ЌЕ АПСИ ПОПОВИ КОГА ЌЕ ДОЈДЕ НА ВЛАСТ

0
272

Соопштение на Единствена Македонија : Новата легална власт ќе ја прочисти МПЦ од криминалци, предавници и странски шпиони

Единствена Македонија и македонскиот народ целосно го подржуваат патриотскиот повик на владиката Агатангел за одбрана на името и идентитетот на македонскиот народ по секоја цена.

Истовремено, Единствена Македонија силно го осудува вчерашното оградување на Светиот синод на Македонската православна црква од ставовите на владиката Агатангел, со што, МПЦ силно ги повреди националните и верските чувства на македонскиот народ.

Оттука, народот и православните верници сега со право се прашуваат, за кого одработуваат членовите на Светиот синод на МПЦ со ваквите оградувања на антимакедонска основа.

Дотолку повеќе, МПЦ која е еден од темелите на државноста и вековен чувар на идентитетот на македонскиот народ и главен столб на македонското опстојување, има силна национална должност да се бори против обидот за обезличување на Македонија и Македонците.

По доаѓањето на легална власт во Македонија која ќе ужива доверба од народот, една од целите на Единствена Македонија е организирање на Црковно-народен собор за прочиствање на највисокиот црковен клир на МПЦ од криминалци, предавници и странски шпиони.

СПОДЕЛИ

НАПИШИ КОМЕНТАР