ЕВЕ ШТО ПОДРАЗБИРАЛ ЗАЕВ ПОД ПОМИРУВАЊЕ, ДЕНЕСКА НА ПРЕС ОТКРИ: Пред неколку дена Мукоски ми се извини и му простив. Но, правниот систем мора да важи

0
1648

Премиерот Зоран Заев на денешниот брифинг посветен на Планот 18 меѓу другото зборуваше и за разликата околу термините помирување и амнестија и нагласи напомена дека нашето општество страда од длабока политичка поделеност и има потреба од помирување.

Заев рече дека ќе се бараат и правни механизми за тоа што значи помирување, што значи простување.

– Тоа понекогаш значи и извинување. На првата средба со новата пратеничка група, со пратеникот Крсто Мукоски имаше извинување од негова страна и од моја и од Талат Џафери и тоа за мене е најголемо простување. Но тоа е до мене, но сепак правниот систем мора да важи – нагласи премиерот.