ЕВЕ КАКО МЕДИУМСКИТЕ САТРАПИ НА РЕЖИМОТ ОД ДРОГИ И МОГИ СТИГНУВААТ ДО ТЕНДЕРИ СО ФИКТИВНИ ФИРМИ , ДО НОВИ СКАПИ МЕРЦЕДЕСИ, ЏИПОВИ И ХАЦИЕНДИ ВО ЗЕЛЕНИКОВО : Паниката продолжува: Провладините „Дневник“ и „Вечер“ удрија по САД и ЕУ!

0
132

Кога беше избрана специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, провладините медиуми беа доста воздржани и информациите за нејзината работа ги пренесуваа технички, без посебни коментари.

katica-janeva6-540x373

Сепак, сега, на скоро еден месец по изборот, откако таа го состави својот тим и го достави својот план за работа до Советот за јавни обвинители, провладините медиуми почнаа со жестоки напади кон неа.

Веројатно пресуден момент за ваквата одлука била најавата за првични одлуки, односно обвиненија, во периодот од 15 декември до 15 март.

Па така, најпрво главниот уредник на Сител, Драган Павловиќ – Латас, во вестите се пожали дека Јанева не испраќала соопштенија и не соработувала со Сител и Вечер, истовремено велејќи дека била избрана на предлог на СДСМ и сега социјалдемократски ја почнувала работата.

Потоа следуваше канонада од напади од сите провладини медиуми поради тоа што побарала 1 милион евра за работа за првите три месеци.

Следна беше колумната на Латас во Вечер, каде тој зборува за некаков план во кој Јанева наводно била само марионета за исполнување на цели против Македонија.

Изненадува следната мета на провладините медиуми, која, се чини, е меѓународната заедница, односно САД и ЕУ кои и помагаат на Македонија да ја преброди оваа, најголема политичка криза од независноста.

Досега вообичаено провладините медиуми се воздржуваа од напади врз САД и ЕУ, и беа ограничени на домашните „непријатели“, но насловните страници на утрешните изданија на провладините весници Дневник и Вечер покажуваат дека има промена во стратегијата.

85489349032-540x286

„САД и ЕУ му издадоа наредба на Советот на обвинителите“, е насловот на Дневник каде на меѓународната заедница и се забележува за денешната реакција во која бараат да се испочитува договореното од Пржино, и Јанева да може да ја почне работата за која се согласија четворицата лидери.

„А да ја платат Американците – кога веќе работи за нив!“, е насловот во Вечер, според кој, очигледно, решавањето на криминалите направени од македонски политичари е работа која е од интерес, или треба да биде од интерес, на САД, а не на македонските граѓани?!

Денешната реакција на ЕУ и САД е само една во низата реакции на меѓународната заедница која мора да се јавува во улога на дадилка во ситуација кога македонската политичка „елита“ со години не може сама да најде решение за своите проблеми, и тие реакции се единствено во насока на спроведување на веќе договореното, и излез на земјата од кризата.

Се поставува прашањето дали некој се премислил и веќе не сака да го спроведува договорот од Пржино, па се обидува да најде виновници и изговори на сите страни.