Еве како Грујо и Бате Саше ја „купуваат“ својата невиност: Ушковски и Зврлески по наредба на РЕЖИМОТ пред избори ги зголемија платите на судиите и обвинителите!

0
206

Судиите и обвинителите во Македонија, пред избори добија покачување на платите за 35 отсто. Така, просечната плата на судиите, која изнесува над 1.000 евра, сега ќе скокне на околу 1.400 евра. Малку пониска ќе биде просечната плата на обвинителите.

Зголемувањето на платите на судиите кои треба да го судат криминалот во власта и воопшто во државата, на управните судии кои треба да одлучуваат за изборни нерегуларности, како и на граѓанските судии кои судат за клевета и навреда, го потпишал со подзаконски акт на Судскиот совет, претседателот Бранко Ушковски. Нему 6-годишниот мандат во Советот му завршува утре.

Одлуката, ја потпишал пред неколку дена. Одлуката за зголемување на платите на оние кои треба да го гонат криминалот и организираниот криминал во Македонија, обвинителите, ја потпишал Јавниот обвинител Марко Зврлевски. Обвинителите веќе примиле зголемена плата. Зголемување добила и администрацијата во обвинителството.

Од Советот на јавните обвинители за СДК ја потврдиле информацијата за покачувањето на платите во Обвинителството, и рекле дека парите не се во нивна надлежност. За разлика од администрацијата и стручната служба на Обвинителството, нивните колеги од судството, кои протестираа пред неполн месец, меѓу другото, барајќи зголемување на платите, се прескокнати.

Судската администрација е многу револтирана и најавува радикални мерки ако до датумот кога треба судството да земе плата (судиите подоцна земаат плата од обвинителите), одлуката на Ушковски не се ревидира и ако не го добие долго очекуваното зголемување. Раководството на синдикатот на судската администрација и на неговите стотици членови се надева дека претседателката на Врховниот суд Лидија Неделкова, која треба да ги преземе ингеренциите во Судскиот буџет од Ушковски, до изборот на нов претседател на Судскиот совет ќе им ги зголеми и нив платите. Претседателот на Судскиот совет е и претседател на Судскиот буџет и тој е потписник на трансакциите во судството.