Еве зошто не смее да се јаде компирот што позеленел

0
72

Научните истражувања покажале дека позеленетиот компир има висок процент на отровната хемикалија наречена „соланине“, која може да предизвика гадење, главоболка, дијареја, повраќање и многу други заболувања. 

Зелената боја упатува на хлорофилот, но всушност тоа е сигнал дека количеството на „соланине“, кој се произведувал во времето кога е произведен и хлорофилот, исто така е повисоко. Направените извештаи кои се презентирани од страна на Александар Павлишта, професор на Универзитетот во Небраска-Линкон, истакнал дека човек тежок околу 100 килограми, треба да консумира 16 килограми зелен компир за да се разболи.

Затоа зелените компири никогаш не биле испорачани на пазарите за продажба. И да се спречи производството на „соланине“, секогаш се сугерира компирот да се складира во ладни и слабо осветлени места и да се отстранат зелените површини пред нивното консумирање. Ако вкусот на зелениот компир е горчлив, тогаш не јадете го! Овој продукт може да биде штетен по вашето здравје.

СПОДЕЛИ