(ВИДЕО) Еве зошто Дејвид Бекам е еден од најпочитуваните фудбалери во светот, екс звездата на Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид подари 100,000 долари на сиромашно семејство од Мексико

0
419

Дејвид Бекам (40) учествуваше во шоуто “Knock Knock Live” кое чука на вратите на сиромашните семејства и им дели пари, а покрај тоа добиваат и домашна посета од нивните омилени ѕвезди.

Бекам го посети домот на семејството Гонзалес. Виктор бил професионален фудбалер во Мексико кој морал да се откаже од омилениот спорт и да прифати работа како градежник за да го исхранува семејството. Своето семејство сега го гледа еднаш месечно.

beckham-poklonio-860000-kn-siromasnoj-obitelji-iz-meksika-900x600-20150729-20150722150231-593820e820

“Ми раскажаа се за вашето семејство. Почестен сум што можам да бидам овде и да се сретнам со вас во вашиот дом”, му рече Бекам и му врачи на Виктор чек од 100 илјади долари. На шокираните и емотивни станари им подели и други вредни подароци.

beckham-poklonio-860000-kn-siromasnoj-obitelji-iz-meksika-900x600-20150729-20150722150500-6edb63eeb8