ЕБАТИ БАКСУЗОТ: Црни Грујо најавуваше илјадници нови работни места – Турски “Веибо Груп“ и американски “Гентерм“ се откажуваат од инвестирање?

0
106

Турскиот текстилен гигант Веибо Груп дели откази во Скопје. Според информации кои ги пренесе 24 Вести од компанијата се отпуштаат вработени кои биле дел од канцеларијата во Скопје која се води како административен центар.

Проблемите со инвестицијата на Веибо Груп во земјава започнаа кога фирмата објави дека во мирување е ставена инвестицијата во слободната зона во Ранковце. Тогаш турската фирма соопшти дека го разгледуваат српскиот пазар, а според најавите планираната фабрика наместо во слободнота зона во Ранковце да се гради во Врање, Србија.
Информациите на 24 Вести од компанијата се дека, инвестицијата во Ранковце нема да се реализира. Веибо Груп барале начин како да го продадат земјиштето во слободната зона во Ранковце каде требаше да се гради нова фабрика. Отказите во Скопје биле дел од процесот на кратење трошоци на глобално ниво.
„Немам никаква информација за отпуштања во администрацијата на Веибо Груп. Сепак тоа е одлука на компанијата. Знам само дека фокусот нивни останува на фабриката во Крива Паланка каде засега работат 650 лица“, изјави директорот на ТИРЗ Виктор Мизо.
Пред две години премиерот Никола Груевски најави дека со доаѓањето на Веибо Груп во земјава ќе се отворат нови 5000 работни места.
Освен отпуштања во Веибо Груп, пред два месеца американски Гентерм кој гради фабрика во Прилеп не го продолжи договорот на 140 лица. Образложението беше дека не им се продолжени договорите поради тоа што не е готов производствениот капацитет. Американскиот инвеститор најави дека кога ќе завршат со градба ќе ги повикаат на работа сите оние на кои не им беше продолжен договорот. Поранешна вработена во Гентерм за 24 Вести тврди дека досега никој од отпуштените не е повикан да потпише нов договор за работа.
Според најавите на поранешниот премиер Никола Груевски отварањето на Гентерм треба да обезбеди 2000 нови работни места.
извор: 24Вести