ДУИ ПОВТОРНО “ДЕМАНТИРА” ПРЕКУ ЈАЛОВИ СООПШТЕНИЈА ЈАВНО ИЗНЕСЕНИ СТАВОВИ НА ФУНКЦИОНЕРИ НА ПАРТИЈАТА – ДУИ демантира дека има договор за двојазичноста, вистината на средина!

0
277

ДУИ ја демантира информацијата објавена во неколку портали на албански јазик за постигната согласност за коалицирање со ВМРО ДПМНЕ,  објави порталот Aktuale.mk

-Таквите неавторизирани информации се невистинити. Нашиот лидер Али Ахмети изјави дека одлуката на ДУИ ќе биде транспарентно објавена –  изјавиле од ДУИ за порталот.

Значи ли ова уште една добро осмислена игра на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ преку соопштенија каде едните напаѓаат па другите се бранат со националистички ставови или пак со јавни изјави пред медиуми за коалиција со ВМРО-ДПМНЕ а потоа јалови “деманти” преку соопштенија од седиштето до Мала Речица?!