Др. Дејан Докиќ не спие, РМБА 24/7 : Докиќ говори на Симпозиумот за новините во алергологијата и имунологијата

0
532

„Новини во алергологијата и имунологијата 2017“, е темата на 2. симпозиум на Македонското здружение за алергологија и клиничка имунологија – МЗАКИ, што се одржува денеска и утре во Македонската академија на науките и уметностите.

На симпозиумот е најавено учество на околу 200 лекари и еминентни предавачи од Македонија и странство, со пленарни предавања од глобалните теми, презентација на најновите достигнувања во дијагностиката и лекувањето, пленарни сателитски симпозиуми, како и изложбен простор на фармацевтските компании.

Целта на симпозиумот е плодна размена на мислења, искуства и визии во врска со темите кои ќе бидат опфатени од областа на педијатрија, алергии на респираторен тракт, дерматологија, офталмологија, пулмологија, професионални болести… Целна публика се интернисти пулмолози, алерголози, имунолози, педијатри, оториноларинголози, дерматовенеролози, специјалисти по медицина на трудот, лекари по семејна медицина и сите други специјалности кои се занимаваат со дијагностика и лекување на алерголошки и имунолошки нарушувања кај децата и адултната популација.

Од МЗАКИ истакнуваат дека овој симпозиум е специфичен по својот карактер со оглед дека ги интегрира сите супспецијалности кои се занимаваат со оваа проблематика и е посветен на новостите од областа на алергологијата и имунологијата.

– Убеден сум дека овој исклучителен настан ќе ја постигне својата цел- унапредување на алергологијата и клиничката имунологија во Македонија и нејзино поставување на уште повисоко ниво, оценува во пресрет на симпозиумот претседателот на МЗАКИ и директор на Клиниката за пулмологија и алергологија, проф. д-р Дејан Докиќ.

СПОДЕЛИ