ДРОГИРАНИТЕ КАУБОЈЦИ НА ГРУЕВСКИ ДИВЕАТ ПИЈАНИ ВООРУЖЕНИ ПОД ПОЛИЦИСКАТА УНИФОРМА : Вооружени полицајци во цивилки физички го нападнале пратеникот Максим Димитриевски на СЕМЕЈНА ВЕСЕЛБА!!!

0
992

Поовеќе лица од кои неколкумина вооружени полицајци во цивилки, доцна ноќеска физички го нападнале пратеникот на СДСМ Максим Димитриевски од Куманово.

За среќа, Димитревски има само лесни повреди на раката. Случајот е пријавен во полиција, но како што дознава Плусинфо, веројатно никој не е приведен.

Настанот се случил во кафеаната „Палас“ во Куманово, каде што Димитриевски имал семејна веселба, со свои роднини и пријатели. Веселбата била во закупен дел од кафеаната, а славениците имале и сопствена музика.

Осумте напаѓачи, под дејство на алкохол, прво вербално го провоцирале пратеникот Димитриевски, а потоа и тргнале физички да се пресметаат со него. Тој некако успеал да се одбрани, по што влетало обезбедувањето и во локалот настанал хаос. На подот паѓале и пиштоли од полицајците во цивилки.

– Се обидов да се повлечам, да не возвраќам на провокациите, но морав да се бранам и себеси, а да ја бранам и мојата сопруга, чиј роденден славевме. Напаѓачите не ги познавам. Подоцна полицајците ми рекоа дека вооружените лица биле полицајци во цивилки. Беа безобразни и насилни, го спомнуваа ВМРО и можеше да настане голема беља – раскажал ноќеска за Плусинфо пратеникот Максим Димитриевски.

На местото на настанот била повикана полиција, бидејќи напаѓачите го чекале пратеникот и пред кафеаната, за да ја довршат пресметката. На Димитриевски не му е познато било кој да е приведен по инцидентот, на кој биле сведоци сите присутни во кафеаната.

– Очигледно, целта им е да се пресметаат со мене и мислам дека нема да запрат. Страхувам дека полицијата ќе ги земе во заштита и дека ќе измислат приказна дека се степале две групи во кафеана. Ова е страшно – револтирано вели Димитриевски.