Државјанство само со изјава: Околу 500 000 Македонци ќе може да станат Бугари?!

0
281

Директорот на Националниот музеј во Софија Божидар Димитров покрена кампања сите Македонци да се прогласат за Бугари, бидејки како што вели тој – тоа и сме.

Тој секоја сабота на еден канал на бугарска телевизија води своја емисија за историјата, претставувајки се себеси како чувар на бугарското богатство. Моментално се залага за промена на законот кој на Македонците со бугарско потекло само на основа на усмена изјава на бугарски јазик ќе им се овозможи да добијат бугарско државјанство. Писмен доказ не би бил воопшто потребен.

timthumb

– Тринаесет векови, се до 1944 во Македонија живееле Бугари. Еден ден некој им рекол дека тие се Македонци, а не Бугари. Дека немаат никаква поврзаност со Бугарија, дека ќе им биде конструирана држава, напишана историја и тоа е и направено. А потоа во новото време одеднаш насатанаа проблеми со идентитетот. Околу 500.000 Македонци така би можеле да станат Бугари, а истовремено и граѓани на ЕУ, се надева Димитров.

Тоа би била четвртина од вкупното население на Македонија.

– Ако добро се организираме, вели тој, за што не е потребен само закон, туку и политичка волја, многу брзо би можеле индивидуално да ја внесеме Македонија во ЕУ. Така ќе ги решиме нашите демографски проблеми. Македонците тоа го сакаат. Сите на чело со премиерот сакаат бугарски пасош.

– Македонија без Македонци. И поранешниот македонски премиер Љупчо Гергриевски има бугарски пасош. Две третини од граѓаните на Македонија имаат двојно државјанство – што за нив значи и слободно движење. И македонските камиони по странските земји најчесто возат со бугарски таблици, додава Димитров.

Божидар уште истакнува и дека македонскиот аналитичар Ким Мехмети за македонско – бугарските односи вели дека: „Тоа се два народи. Но никаде историјата на два народи не е така испреплетена како што е случај со Македонија и Бугарија. Така ќе најдете исти споменици во различни главни градови – Скопје и Софија“.

– Македонија е класична иселеничка земја. Можност за да се добие бугарски пасош дополнително ќе го поттикне тоа иселување. Случаен минувач во Скопје на кој Димитров се повикува рекол: „Нашите гатсербајтери веќе не се враќаат од странство. Наскоро во Македонија веќе нема да има Македонци“, заклучива Директорот на Националниот музеј во Софија во својата емисија.