ДРАМА НА КАЛЕ: Автомобил-бомба бил паркиран пред амбасадата на САД – Возило пикап било позитивно на тестирање за експлозив!

0
1532

Амбасадата на САД во земјава денеска околу 18 часот пријавила во Министерството за внатрешни работи дека пред главниот влез на амбасадата на скопско Кале било паркирано возило пикап, кое, по проверките на обезбедувањето на амбасадата со детектори, испаднало позитивно на тестирање на експлозив, пишува Фокус.

МВР веднаш испратило екипа од единцата за антитероризам, чија проверка не се најдени траги на експлозив, а возилото е одземено на дополнително вештачење.
Полицијата интервенирала во американската амбасада и го блокирала сообраќајот пред резиденцијата, но ниту од МВР ниту од дипломатското претставништво не откриле за каков инцидент станува збор.
Амбасада преку својот твитер-профил објави дека вечерва останала без комуникации преку домашните телекомуникациски оператори и дека за сите потреби ќе се комуницира преку американска линија.