ДРАМА ВО СУДНИЦА: ВИЛМА РАСПАЛИ ПО КАТИЦА – ОД АЛЧНОСТ ГО РАЗОЧАРА НАРОДОТ, КАМЧЕВИ НЕ СЕ ЖРТВА, НИЕ НАРОДОТ СМЕ ЖРТВА!!!

0
514

Зоран Милески Кичеец рече дека е виновен на почетокот на судењето, а Боки 13 и Јанева рекоа дека не се. Поради тоа судот одлучи да се издвои постапката против него, а судењето против Јанева и Јовановски да продолжи со изнесување на воведни зборови.

Боки 13 повторно се пожали дека здравдтвената состојба му е влошена откако е дојден во судот, а неговиот адвокат рече дека лекарот што го прегледал е општ лекар и не е супспецијалист па не може да дава коментари за вистинската состојба и дијагнози на Јовановски.

-Имаше филм Чарлиевите ангели но Јаневс влезе во филмот мислејќи дека никој не и може ништо и влезе во мрежата на естрадната ѕвезда. Го издаде народот кој и веруваше и го посрами целото обвинителство. А тоа не го направи од наивност туку од алчност. Ќе видите од сведочењето на обвинетите дека Орце и Ана Камчева барале помош од нив за да се спасат, но кога ќе сведочи Ана Камчева ќе видите дека не е така. Жртви не се тие што давале пари, туку сите ние  народот, рече Вилма Рускоска.

По неа стана Боки 13, кој  рече дека”ако може да стои обвинотелката, ќе стојам и јас до последната капка крв”.

– Жал ми е што не сум здравствено добар да во целост ја изнесам одбраната, но не се чуствувам виновен за обвинениета, рече Јовановски.