ДРАМА ВО ОГРАНОКОТ НА ДПМНЕ ВО МАЛА РЕЧИЦА – Ахмети со предлог за коалиција со ВМРО ДПМНЕ пред ЦП,мнозинството против

0
1770

Али Ахмети денеска презентира предлог за продолжување на коалицијата со ВМРО ДПМНЕ пред членовите на Централното претседателство на ДУИ во Мала Речица, брифира висок партиски функционер за 24 вести.

Истиот функционер вели дека за него вчера дискутирале и дел од најблиските соработници на Али Ахмети, но не можеле да изградат единствен став.

Според неофицијални информации дел од пакетот за евентуалната соработка е закон за употреба на албанскиот јазик, за кој изминатиов период имало интензивни преговори на релација ВМРО ДПМНЕ и ДУИ, меѓу најдоверливите луѓе на Ахмети и Груевски.

Според истите информации, во однос на законот за СЈО и продолжување на рокот за покренување обвиненија ДУИ ќе предложи измени и како што вели висок партиски функционер „ќе се обидеме да излобираме дел од пратениците на ВМРО ДПМНЕ да гласаат за него, онолку колку што недостигаат за да се стигне до бројката од 82 гласа.“

Во однос на дел од кадровските решенија – во пакетот, според истите неофицијални информации, во игра е претседателското место во Собранието за ДУИ, но и варијантата Никола Груевски да се откаже од премиерската позиција, иако не прецизираат како планираат тоа да го изведат.

Едно од правните толкувањата во ДУИ е дека Груевски сепак ќе мора да го врати мандатот, а веднаш потоа друг функционер од ВМРО ДПМНЕ, да достави доказ до Претседателот на државата дека има поддршка од 61 глас и да го добие мандатот.

Токму ова и го навести портпаролот на ДУИ во интервју за Алсат М – каде порача дека ДУИ ќе инсистира во Владата да нема лица осомничени од СЈО.

Ахмети се соочил со сериозно противење на речиси сите потпретседателите на партијата на вчерашниот состанок за предлог нова Влада со ВМРО ДПМНЕ, а според позицииите на мнозинството членови на ЦП, дел и пратеници, истиот став го очекува и денеска.

Прашање е како лидерот на ДУИ доколку опстои на ставот дека треба да се продолжи соработката со ВМРО ДПМНЕ планира да ги убеди дел од пратениците кои се против да ја гласаат Владата во Собранието, бидејќи се работи за тесно мнозинство и секој  глас е битен.