ДРАМАТИЧНО ВИДЕО ПРЕД ДОМОТ НА КАТИЦА ЈАНЕВА: Со комбе беше донесена од Шутка, таа си го маскираше лицето со капата од голема широка јакна!

0
1801

Покриена со качулка на главата и двајца полицајци кои ја носеа под рака, ексшефицата на СЈО Катица Јанева беше донесена од истражниот затвор во Шутка во станот на нејзиниот син, Лазар, каде ќе биде во домашен притвор.

Јанева не одговори на ниту едно новинарско прашање, каква е нејзината здравствена состојба, дали се чувствува виновна и дали е задоволна од одлуката на Апелацискиот суд.