ДОМ: ЕСМ да инвестира во обновливи извори на енергија, а не во нуклеарки

0
99

Зелената партија ДОМ се спротивставува на намерата на македонската државна компанија ЕСМ за учество во проектот за изградба на бугарската нуклеарна централа “Белене”.

ДОМ е против изградба на нуклеарни електрани, поради нивната опасност по животната средина и здравјето на луѓето, на што укажуваат трагичните искуства од нуклеарните катастрофи во Чернобил и Фукушима. Не случајно, Германија одлучи да ги затвори сите свои нуклеарни електрани до 2022 година.

Наместо во нуклеарки, нашата држава треба да инвестира во производство на електрична енергија од обновливи извори на енергија, како сонце и ветер.