ДИРЕКТОРОТ НА МНТ, ВОЗЕЛ МОРТУС ПИЈАН ПРИ ШТО УДРИЛ ДЕВОЈЧЕ, ЗА СРЕЌА НЕ ЈА ПОВРЕДИЛ ТЕШКО!

0
325

Директорот на Македонски народен театар Драган Спасов Дац , според расположливите извори, вечерва направил сообраќајна несреќа при која со возило удрил во девојка која преминувала улица.

Девојката веднаш по несреќата е пренесена во болница и се чека потврда за нејзината состојба.

Според засега непотврдени информации има сомнежи дека Драган Спасов Дац бил под дејство на алкохол, но се чека на подетални анализи.

Несреќата се случила на улицата Огњан Прица кај „Шампионче“ во Кисела Вода околу 21.20 часот со возило БМВ.

Повредената девојка има  27 години.