Директорите на училиштата прават кривични дела, да не влегуваат во сценаријата на Груевски!

0
274

Прес конференција,
Петар Атанасов, претседател на Комисија за образование на СДСМ
Скопје, 16.03.2017

Почитувани,
Повикуваме веднаш да престане злоупотребата на ученици за партиски цели и уште посериозно, во протести на коишто се поттикнува и шири етничка и национална омраза!

Тоа што го прават директорите на училишта, под директива на ВМРО-ДПМНЕ е кривично дело и за тоа лично се одговара!

Укажуваме на директорите на училиштата дека е неопходно да најдат сили, да се спротивстават на ваквото разулавено однесување на раководството на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа не избира ни луѓе, ни средства да ја продлабочи политичката криза, затоа што Груевски и соработниците се само заинтересирани како да се заштитат од одговорност за направените криминали.

Но директорите на училиштата мора да се свесни дека одговорност носат и оние кои се соучесници во против законските сценарија на политичарите во заминување.
Вчера директорот на прилепската гимназија, цела јавност го виде како наложува ученици да бојкотираат настава за да одат на партиски протести.
Такви случаи има и во Битола, Скопје, и во други делови на Македонија, што е недозволиво!
Насочувањето деца, малолетници, тинејџери, кон поделби, омраза, дискриминација остава трајни последици кај нив. Секој има и индивидуална одговорност тоа да не го дозволи.

Во образованието ќе има суштински промени што ќе ги вратат училиштата на учениците, наставниците и професорите и ќе има настава што ќе осигура зрели и здрави млади луѓе, двигатели на демократскиот развој на Македонија.

Тоа е предвидено во Програмата на новата реформска Влада и досега ќе беше почнато да се реалзизира, ако се почитуваше мнозинската волја на граѓаните.

Затоа, итно е потребно Ѓорге Иванов да го даде мандатот на претседателот на СДСМ,