ДИМИТРОВ ПРИМИ ВИСОКА ДЕЛЕГАЦИЈА ОД КОМИСИЈАТА ЗА НАДВОРЕШНА ПОЛИТИКА НА АМЕРИКАНСКИОТ СЕНАТ

0
285

РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

МИНИСТЕРСТВО ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИ 

Средба на МНР Никола Димитров со стафери на комисијата за надворешна политика на Сенатот на САД

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, денеска оствари средба со стафери на Комисијата за надворешна политика на Сенатот на Соединетите Американски Држави, предводени од директорот Крис Соча. На средбата беше разговарано за унапредување на партнерските односи меѓу двете земји и Евро-атлантските перспективи на Република Северна Македонија.

Соговорниците го поздравија потпишувањето на пристапниот протокол за членство на Република Северна Македонија во НАТО, истакнувајќи дека решавањето на долгогодишниот спор со Грција претставува позитивен пример како треба да се решаваат отворените прашања во Регионот. Во оваа насока, беа разменети мислења за процесот на ратификација во американскиот Сенат.

Министерот Димитров се заблагодари за континуираната поддршка на САД, особено на Сенатот кој игра значајна улога во креирањето на надворешната политика на САД, за остварување на стратешките цели на Република Северна Македонија. Воедно, се заблагодари за неодамнешната Резолуција поднесена во Сенатот на САД, во која се оценува дека со постигнувањето на договорот со Грција се придонесува кон унапредување на стабилноста, безбедноста и просперитетот на целиот Регион и се дава дополнителна поддршка за членство на Република Северна Македонија во НАТО. 

               Скопје, 18 февруари 2019 година