Димитров: Денеска имаме состанок со историјата

0
267

На присутните на протестот им се обрати и поранешниот министер за надворешни работи, Никола Димитров. Тој им порача на граѓаните дека е време да се направи избор: или оваа власт или Македонија.

NIkola-DImitrov

Димитров рече дека денеска е денот да се стават темелите на идната Македонија.

– Разбудени граѓани, празник сте за очи. Денеска имаме состанок со историјата, да ги ставиме темелите на идната Македонија. Сите заедно да ја вратиме душата на Македонија и да го тргнеме срамот. Груевски, ако ме слушаш, а изгледа многу сакаш да слушаш, од многуте проекти го заборави главниот. Македонија ја заборави! Сега е избор, оваа власт или Македонија. За мене, кој 18 години работев за Македонија, го направив својот избор со својата совест. Сега не работам за Македонија, но денеска се чувствувам најкорисен за Македонија од сите тие 18 години. Ти благодарам, Никола, затоа што нè обедини да го одбраниме Уставот од тебе и сите заедно, обединете, бараме одговорност, одговорност за сè што направи.  Да живее Македонија – рече Димитров.