Диме Спасов не смее да се доближи повеќе на нашите деца!

0
474
Соопштение на СДСМ
Диме Спасов мора да се соочи со сопствената одговорност.
 
Ако Диме Спасов се однесувал неодговорно на очиглед на јавноста, пред неговата сопатничка и полицијата, ако терал лице лажно да се претставува за возач, возел службено возило надвор од работно време, ставал гориво со пари од Буџетот, тогаш што уште правел Спасов на штета на граѓаните?
 
Уште во колку скадали е вклучен Диме Спасов за кои јавноста не знае?
 
Граѓаните со години му ги доверуваат своите деца на Спасов кој се покажа како непресметлив и несовесен човек. Но тој не само што не призна вина и не се покаја за скандалот во кој трескаше возила на граѓани, а можеа да бидат и деца, туку од ден на ден се повеќе лаже. Ваков човек никогаш повеќе не смее да биде во близина на нашите деца. 
Преку нарачаното интервју во кое наместо извинување и чувство на вина и срам, граѓаните слушнаа филмски конструкции, Спасов испрати порака дека очекува законите да не важат за сите подеднакво.
 
Законите мора да важат за сите подеднакво. Диме Спасов ќе мора да се соочи со сопствената одговорност.