ДИЛЕТАНТИ, ЗА ПОПЛАВИТЕ ИЛИ ЗА БОМБАТА ВИ ГОРИ???

0
400

Сочуствувам со сите наши граѓани кои што се погодени со поплавите и претрпеа штета, наша граѓанска должност е да се вклучиме и да помогнеме во секаков облик (тоа го сторивме за комшиите ќе го сториме и за нас), но никако неможам да прифатам една ваква птопаганда во која НАЈОДГОВОРНИТЕ се прикажуваат како жртви…

makso1
Цела влада и целата Вмровска елита помина и продефилира пред камерите и загрижено сочуствува и наводно им помага на граѓаните…
Јавно ги прашувам:
Кој е надлежен и кој управува со хидроакумулациите?
Зошто дојде до нивно прелевање, зошто задолжителното и контролирано празнење не е извршено?
Повторно снегот не изненади нели, дојде до топење на истиот и речните сливови се зголемија.
Предизвикувавте паника дека Калиманци ке попушти, Зошто?
Цело Кочанско и Штипско по Брегалничкиот слив со вашата неукост и дилетантизам ги поплавивте и сега се покажувате како спасители.
Зошто го држиш народот во страв и паника?
Во Битолско 9 години говорите дека каналите ги чистите а токму поради тоа потопот настана…
Во Кумановско Липковско Нагоричанско Паланечкиот крај Крива и Пчиња ги чистите наводно во континуитет а всушност ни со наша општинска помош за цели два месеца и на наша иницијатива на Советот ни двете помали притоки Липковка и Којнарка не успејавте да ги исчистите?
Паѓале и снегови и дождови во минатото но вакво нешто не било… Ги избркавте вистинските професионалци и ги заменивте со партиски послушници на кои што и оние малкуте професионалци кои што останаа не смејат да им преправат…
Ни го загрозувате животот а слободата одамна ни ја земавте…
Три нови државни институции измисливте дирекции, центри, (РЦзИТ,ДЗС, ЦУК…), ги наполнивте со партиски војници и со кризи да се справуваат наводно ги обучивтеа а граѓаните уште не знајат на кој телефонски број да пријават за помош 112 или 115 но тоа не е битно за вас… Најбитно е Груевски и министрите да ги има нон стоп како загрижени ги посетуваат кризните региони кои што сами со дилетантскиот однос ги создадоа…
Требаше арките од Вардар да ги искористеа како превозно средство но сеуште не пловат не ви се платени на изведувачите…
Целиов овој филм го правите токму во овој момент кога ќе се обзнани ВИСТИНАТА ЗА МАКЕДОНИЈА!!!
Не правете филм од маката на граѓаните, излезете и дајте им одговор зошто оваа им се случи…
Повикајте на одговорност, ПОДНЕСЕТЕ ОСТАВКИ…
Има луѓе во државава кои што не импровизираат, способни да се соочат со предизвиците…
ДОСТА БЕШЕ!!!

10959616_10204003039297034_7283058421435997912_n

Максим Димитриевски – член на ИО на СДСМ