ДИК: До 13 часот излезноста во Теарце е 35,29 проценти

0
317

ДИК соопшти дека до 13 часот на гласачкото место 2011 во тетовско Теарце гласале 252 гласачи или 35,29 проценти.

Следниот податок за излезност на гласачите ќе го соопшти нешто по 17 часот.

Вкупно запишани има 714 гласачи, кои гласаат во основното училиште Кирил Пејчиновиќ. Освен кусиот прекин на гласањето поради нефункционирање на УВ лампата, гласањето се одвива без проблеми.