ДЕНЕС НА ДОЛГОТО РАЧЕ НА ВЛАДИМИР ДВОЈЧЕ ТАЛЕВСКИ ОД БИТОЛА И НА ШВЕРЦЕРОТ СО ЧОВЕЧИЊА ОД ПУСТЕЦ, ЕДМОНД ТЕМЕЛКО ВРХОВНИОТ СУД ЌЕ ИМ ПРЕСУДИ ДАЛИ ЌЕ СКАПАТ ВО ШУТКА ИЛИ ИДРИЗОВО!

0
960

Врховниот суд, денеска зад затворен врати, ќе решава дали судските одлуки Едмонд Темелко да не оди во притвор и Владимир Талески да добие само куќен биле законити. Барањата за заштита на законитоста ги поднесе СЈО, објави „Алсат“.

Претходно највисокиот суд донесе одлука за случајот со Темелко, но неговата одбрана, побара судијката Лидија Неделкова да не биде дел од советот кој ќе донесе одлука. Во случајот на Талески пак, како проблем се посочува одлучувањето на судија кој за притворот решавал во Кривичниот па потоа и во Апелацискиот суд откако бил унапреден.

Темелко е осомничен во случајот „Титаник“ за изборни нерегуларности, додека битолскиот градоначалник, Владимир Талевски е обвинет во „Транспортер“. Според СЈО тој во договор со директорите на основните училишта го оштетиле буџетот за 350 илјади евра, при превозот на ученици во градот.

СПОДЕЛИ