ДЕНЕСКА МИЛА МОСКОВ ЈА ПРЕТСТАВУВА МАКЕДОНИЈА НА ДЕТСКАТА ЕВРОВИЗИЈА

0
367

Денеска во 16 часот на МРТ1 ќе се врши директен пренос од детската Евровизија, која се одржува во Гливице во Полска, каде Мила Москов ја претставува Македонија.

Мила настапува под реден број 4, а во исто време важи и за голем фаворит, со нејзината песна „Fire“. Таа секогаш блеска на пробите и ги воодушевува присутните.

За разлика од редовната Евровизија, на детската може да се гласа онлајн преку линкот https://vote.junioreurovision.tv/, а и секоја држава може да гласа за својот претставник.

Дотогаш, погледнете видео од пробата на Мила: