ДЕВОЈКА, КОЈА БЛАГОДАРЕНИЕ НА ИНСТАГРАМ, ЗАРАБОТУВА МИЛИОНИ

0
362

Габриела Епштајн е млада 21-годишна девојка која работи како моделка, но вели дека заработува повеќе од објавувањето селфи фотки на Instagram каде има повеќе од 700.000 следбеници.

Таа го постигнува тоа благодарение на суптилната промоција на накит, козметика и храна.

gabii

Секоја фотка објавена на нејзиниот профил има по околу 20.000 лајкови, па тоа е одлична реклама за клиентите.

Епштајн не е единствената која го прави тоа, па многу познати личности ги користат социјалните мрежи за со селфи фотките да протнат по некој бренд и со тоа да заработат.

Цените се движат од неколку стотини долари за една фотка, па се до неколку илјади долари за континуирана промоција на производи.

Оваа моделка вели дека има право да ги постави своите услови и да одбере што сака да промовира, бидејќи сака тоа да се производи што таа и без рекламата ги користи.

„Имам право секоја објава да ја избришам по четири недели, ако не ми се допаѓа производот“ – вели Габриела.

Screenshot_1 Screenshot_2 Screenshot_3 Screenshot_4