ДА СЕ КРСТИШ СО ЛЕВА РАКА: ЧОВЕКОТ КОЈ МУ БЕШЕ ПОТРЧКО НА ГРУЈО ГО СПОРЕДУВА ЗАЕВ СО ЧАУШЕСКУ И МИЛОШЕВИЌ?!?!

0
388

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски синоќа реагираше на апсењата на неговите сопартијци Трајко Вељаноски, Миле Јанакиески и Спиро Ристовски.

Премиерот Зоран Заев го нарече деспот, и оцени дека апсењата се негови очајнички потези.

„Единствен модус да се стави крај на ова уништување на Македонија, е жестоко да го поразиме СДСМ на претседателските избори. Деспотот Заев со овие малудничави потези сака да исповорицира реакција да се откажаме од претседателските избори или да направиме чекори кои ќе може да ги искористи како алиби. Знаеме дека овде не е проблемот ниту Спире, ниту Миле, ниту Никола, ниту Трајко. Ова деспотот Заев си игра со судбини на луѓе. Овде нема победници, сите губат. Решението е едно: победа на претседателските избори и пораз на Заев. Заев, Македонија е на нозе и ќе ти врати за се што и направи“, изјави Мицкоски.

На крај му порача да се потсети на Милошевиќ и Чаушеску, за кои вели дека мислеле дека се недопирливи.