Дали Груевски ќе го уапси Заев?

0
332

Зоран Заев денес донесе храбра одлука. Тој му даде доволно простор и на Груевски и на неговите „уплашени душички„ во македонското судство да ја сватат абсурдноста на обвинувањата за „Пуч„, но и за наводниот „поткуп„.

Gorgi_spasov_02

Заев се согласи, долго време, да биде малтертиран, сослушуван и на располагање на политички инструментализираниот суд на Груевски, за да види до која мера Груевски може да ужива во тој вид, веќе видена, пресметка со политичките лидери од опозицијата.


Но, Груевски веќе ја изгуби мерката.Тој уште мисли дека има работа со Љубе Бошковски и дека ќе го апси Заев пред камери, дека никој нема да смее да бекне и дека со тоа конечно ќе им стави крај на сите свои проблеми.Заев беше должен да направи ваков чекор . Тој беше должен да го раскринка јавно лицемерството на Груевски кој дење преговара со него за надминување на кризата а ноќе им дава инструкци на обвинителите и судиите како да го прогонуваат. Заев ќе го изгуби својот авторитет ако дозволи судството на Груевски вака да му суди по политичка нарачка. Заев е сега за голем број граѓани симбол на отпорот кон узурпираните институции на власта од група криминалци во Македонија.

Тој мора да докаже дека е способен пред се сам да се одбрани од неправедното судство за да му веруваат другите дека ќе ги заштити неправедно обвинетите или осудени. Тоа е сериозна битка за која заслужува целосна подршка.
Тоа е сериозен предизвик за Груевски. Во време кога се преговара, со меѓународни посредници, за обновување на изгубениот легитимитет на институциите на власта па и на судската власт, Груевски токму таквите институции ги користи за добивање некаква предност пред следните избори. И тоа треба да им стане јасно на САД и на ЕУ.


Заев покажа дека не се пазари со Груевски за својата слобода. Тој со својата изјава му вели на Груевски: „Пукај! Јас и сега држам час!
А утре е приемот во амбасадата на САД, по повод Денот на независноста, на кој се поканети Груевски и Заев. Тоа е можеби добра прилика и време Груевски да ја манифестира силата на нашето „независно„ судство и да ја изврши заканата за апсење на Заев. Добар подарок за напорите на меѓунарадната заедница.

Фејсбук статус на професор Ѓорѓи Спасов