Дали вагината се “стеснува” ако немате секс, а се “олабавува“ ако практикувате почеста акција?

0
635
Не сте имале сексуална акција подолго време, но дали тоа значи дека вашата вагина станува потесна?

Веројатно сте слушнале за тоа дека ако подолго време не сте имале секс, вагината ќе биде потесна и ќе се затегне, но експертите истакнуваат дека тоа никако не е случај.

„Многу луѓе погрешно претпоставуваат дека жените кои поретко практикуваат секс, имаат и „потесни“ вагини, а дека жените кои се сексуално поактивни имаат „поопуштени“ вагини – но, ова апсолутно не е точно“, вели гинекологот Џенифер Вајдер.

Тоа е поради тоа што мускулите на вагината се еластични. „Тие се шират и се враќаат во нормална состојба после секој сексуален однос и после породувањето“, истакнува Вајдер.

seks

Имајќи го тоа на ум, постојат две ситуации во животот кога вагината го менува обликот на некое подолго време.

Првиот пат е после породувањето.

„Некои студии покажале дека на вагиналните мускули им се потребни и до шест месеци после бременоста за да се вратат во нормалната големина и форма“, објаснува Вајдер, но повторно поентата е дека – мускулите се враќаат во првобитната состојба.

Вториот пат е кога вагината се менува како последица на стареењето.

„Како што жената старее, нивото на хормони опаѓа, што значи и дека вагиналните ѕидови стануваат потенки и помалку еластични, па мускулите можат да се опуштат. Добрата вест е дека ова може да се реши со помош на Кегелови вежби, без оглед на тоа колку години има жената.“

Заклучок: Ако имате чувство дека вашата вагина е потесна за време на сексот, тоа не е затоа што сте немале секс подолго време.

„Поверојатно е дека не сте доволно возбудени и дека ви е потребна подолга предигра“, истакнува Вајдер.

СПОДЕЛИ