ГРУЈО НОСИ НОВ РЕЖИМСКИ КАУБОЕЦ И ДИЛЕТАНТ КАКО Т.Н. ИНВЕСТИТОР : Вредноста на бизнисот на Васили Евдокимов, директор на „Балкан петролеум“, која сака да го купи „Макпетрол“, изнесува НЕВЕРОЈАТНИ 0 ФУНТИ!

0
326

Васили Евдокимов е потпишан како директор на компанијата „Балкан петролеум холдинг лимитед” од Лондон, а чиј основач e друга компанија од Кипар. Евдокимов е британски државјанин кој станува директор на оваа фирма веднаш по нејзиното основање на 28 мај годинава, пишува Мкд.мк

Она што е интересно за овој 59 годишен британски државјанин е тоа што тој досега во британските трговски регистри се појавува како директор на 22 компании. Од 7 директорски места дал оставка, а во 15 случаи компаниите пропаднале. Вредноста на бизнисот во кој Васили е актуелен директор е 0 фунти, пишува во британските документи.

Оваа кариера на директорување Евдокимов ја почнал на 38 годишна возраст. Тој бил директор на компаниите Албаимпорт, Англо-белоруско добротворно друштво, Асоцијација на Белорусите во Велика Британија, Бизантиум инвестмент,  Демаесуши Вимблдон , Диптон ентерпрајс, Лаптев компанија, Оксоил, Умами сити, Винес…

Повеќе детали може да прочитате ОВДЕ