ГРУЈО Е ГОТОВ И ПРЕПЕЧЕН ЗА ВО ЛУДНИЦА – Груевски подготвувал ПАРАВОЈСКА од партиски активисти!!!

0
6051

Партиски членови им доаѓале на нивното работно место и со анкетни листови ги распрашувале и испитувале пулс, дали се расположени да се приклучат во нивна „војска“ за заштита на татковината од распаѓање.

Мартин Богатиноски

Се подготвува ли Никола Груевски да формира паравојска, со цел да спречи СДСМ и ДУИ да формираат влада, бидејќи Уставот не му дозволува на претседателот Ѓорѓе Иванов тукатака да ја изнесе војската на улиците, план за кој се шпекулираше дека се подготвува во Кабинетот на претседателот во договор со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Во јавноста сè повеќе се шират гласини дека наскоро може да се очекува и такво сценарио, а први на удар за регрутација би биле луѓето што низ годиниве беа вработени со партиска книшка и со амин на ВМРО-ДПМНЕ.

Ваквите информации ги потврдуваат граѓани, кои деновиве се соочиле со таква понуда. Партиски членови им доаѓале на нивното работно место и со анкетни листови ги распрашувале и испитувале пулс, дали се расположени да се приклучат во нивна војска за заштита на татковината од распаѓање.

Од ВМРО-ДПМНЕ ги негираат ваквите гласини, за кои тврдат дека не претставуваат ништо друго освен поставување „сопки“ од страна на СДСМ.

– За да се спаси од кривична одговорност за криминалот што го има направено, Зоран Заев не гледа друг начин, освен во јавноста да лиферува лажни вести и шпекулации. Сметам дека оваа информација за формирање паравојска е произлезена од СДСМ на ист начин како што деновиве беа фрлени Молотови коктели врз Музејот на албанската азбука во Битола, а секако, прстот беше насочен кон ВМРО-ДПМНЕ – вели директорот на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, Иво Котески.

Безбедносните експерти коментираат дека таквата одлука би се косела со законот, но и со реалноста, бидејќи пред неколку години беше изгласан закон што предвидува високи казни за сите македонски државјани што учествуваат во странски паравоени формации.
Познавачите потенцираат дека секој вид паравојска, всушност е непризнаена формација што глуми некаква власт преку препознатливи обележја и вооруженост, а тоа не би смеело да се случи во демократска земја.

Благоја Марковски, доктор по воено-политички науки, смета дека секој оној што би се приклучил на каква било паравоена формација, треба да е свесен дека прави кривично дело.

– Тешко е да се претпостави што носи иднината со оглед на тензиите што владеат во државата. Не ја исклучувам можноста за формирање паравојска, но сепак, тоа е противзаконски и сигурно ќе следуваат мерки за кривична одговорност. Во случајов, ако евентуално дојде до нешто такво, учесниците во паравојската не би се сметале за терористи, туку само за група луѓе што ќе создаваат големи тензии, секојдневно ќе го нарушуваат јавниот ред и мир и ќе вршат притисок врз политички субјекти – објаснува Марковски.

Малтретирањето и упатувањето закани кон јавните личности и членовите на СДСМ веќе започна и трае со недели, а искршени беа и седиштата на неколку институции и партиски штабови. Молотови коктели беа фрлени во Музејот на албанската азбука во Битола, истепани беа двајца новинари, а со вербален напад поминаа повеќе јавни личности, кои не се согласуваат со политиката на Груевски. Исто така, силен притисок се врши и во училиштата, каде што децата преку јавни соопштенија и летоци секојдневно се принудуваат да излезат на протестите „За заедничка Македонија“.

Извор : Слободен Печат