ГРУЈОВА ШКОЛА ВО ТУРЦИЈА : Турската полиција ја разби парадата на гордоста во Истанбул

0
207

Турската полиција денеска го разби обидот на ЛГБТ акивистите да одржат Парада на гордоста во Истанбул. Иако властите ја забранија парадата, активистите излегоа да маршираат затоа што „тоа е нивно уставно право“, како што изјавија за ББС.

Групата на активисти којашто се собра на плоштадот Таксим беше мала, само четириесетина, но полицијата употреби гумени куршуми за да ги растера, оправдувајќи се дека овие собири можат да станат цел на припадниците на ултранационалистичките групи.

Според турскиот весник „Хуриет“ приведени се 10 лица, а помеѓу нив и камерманот Брам Јансен од Холандија.

Ова е трета година по ред како Парадата на гордоста неуспешно се одржува во Истанбул. Претходно парадата се одржуваше повеќе од една деценија без никакви проблеми, а илјадници активисти маршираа на улиците во Истанбул. Турција важеше за рајот за геј правата на Блискиот исток.

СПОДЕЛИ