(ВИДЕО) ГРУЕВЦИ ЌЕ ПУКНАТ ОД МАКА : Заев синоќа откако пристигна во Белград, на аеродромот беше пречекан со високи државни почести од министерот Ненад Поповиќ

0
2508

Премиерот Зоран Заев пристигна во  Белград ја почнува првата официјална посета на Република Србија.

Посетата е на покана на српската премиерка Ана Брнабиќ, која се очекува да приреди свечена вечера за македонската делегација.

Заев, како што соопшти владината прес-служба денеска попладне заминува во официјалната посета во придружба на владина делегација во чиј состав се заменикот претседател на владата и министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, министерот за информатичко општество и јавна администрација Дамјан Манчевски и државниот секретар во Министерството за надворешни работи Виктор Димовски.

Работниот дел од посетата почнува утре со тет-а-тет средба со премиерката Ана Брнабиќ.

По средбата со Брнабиќ двете владини делегации, предводени од премиерите потоа ќе одржат заедничка пленарна средба, на која ќе се разговара за теми од интерес на граѓаните на двете земји, како и за натамошното продлабочување на односите. Од српска страна на средбата најавено е учество на  министерот за внатрешни работи Небојша Стефановиќ и министерот без ресор задолжен за иновации и технологија Ненад Поповиќ.

По пленарната средба на делегациите на двете влади, предвидена е заедничка прес-конференција на двајцата премиери.