ГРУЕВЦИ ЌЕ ГО ЈАДАТ СТАПОТ МНОГУ ГАДНО – Министерот за внатрешни Оливер Спасовски го комплетира Извештајот за пропустите на МВР на 27 април, на ред е Обвинителството

0
1847

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска на прес-конференција соопшти дека извештајот на работната група во МВР за насилствата од 27 април во Собранието на Република Македонија е готов и дека во него се утврдени правните пропусти и системските недоследности во Министерството.

Спасовски истакна дека МВР како државен орган „падна на испитот“ на 27 април, поради партизираноста на раководните структури.

– Ова Министерство мора да се департизира, за да работи и нормално да функционира. На граѓаните им должиме да го исчистиме срамот кој се случи на 27 април – рече Спасовски.Oliver

Извештајот, како што наведе министерот, прецизно, „филигрански“ ги детектира одговорностите за тоа што се случи во Собранието, но не соопшти имиња, бидејќи, како што рече, извештајот бил класифициран документ.

Тој ќе биде доставен до Јавното обвинителство кое треба да ја утврди одговорноста на сите кои ги пречекориле законските надлежности и околностите за упадот во законодавниот дом.

Спасовски рече дека работната група работела повеќе од еден месец и во овој период извршила увид во обемната службена документација, разговарала со голем број припадници на МВР и бил прегледан службен видео материјал и видео материјал од телевизиите.

Како што рече министерот веднаш по настаните од 27 април, дел од структурите на МВР добиле задача за еден ден да направат извештај кој би ја оправдал работата на полицијата. Сепак, тој не откри по чија директива требало да се изработи овој извештај.

Досега, во врска со настаните во Собранието, од Сектрот за внатрешна контрола во МВР, како што рече Спасовски, сослушани биле 180 лица, суспендирани се 23, а биле поведени постапки за 45 лица. Разрешени полициски службеници засега нема.