Груевски: Мојот прдеж на Твитер не е во судир со напорите на амбасадорите

0
112

Премиерот Никола Груевски изјави дека преговорите околу Договорот од Пржино непречено продолжуваат, со оглед на фактот што работните групи се во постојана комуникација со олеснувачот и дека нема прекин во обидите да се надмине кризата.

-Наш интерес е да има спроведување на Договорот од Пржино и ние сме подготвени тоа што побрзо да се случи, рече Груевски, но ги одбегна директните новинарски прашања, како на пример тоа дека амбасадорите го повикаа да не ги одложува реформите. Само кусо искоментира дека го поздравува напорот на амбасадорите.

За објавата на Твитер каде Груевски напиша дека македонскиот народ одлучува за својата иднина, дообјасни дека тоа било одраз на реалноста која се покажувала на избори и воопшто не е во судир со напорите што ги преземаат претставниците на меѓународната заедница за надминување на политичка криза.

Во однос на извештајот на Светска Банка, „Дуинг Бизнис“, кој ја рангираше Македонија на 12.место, од вкупно 189 земји во областа за започнување бизнис, премиерот посочи дека овој извештај бил вреднување на трудот на Владата и е признание и поттик и понатаму да се работи.