Гранати најдени кај Железничката станица во Куманово

0
260

kumanovo-540x360

Повеќе неексплодирани гранати вчера се најдени кај Железничката станица во Куманово, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.

Се работи за 18 гранати за минофрлач 60 мм, 4 гранати за топ 75 мм, 2 куршуми против авиони  20 мм, дел од граната ЗИС, запалки од гранати 8 и испукани чаури.

Од СВР Куманово во 14.45  часот бевме известени за неексплодирани  бојни срества во близина на Железничка станица Куманово. РЦУК Куманово ја  известени  ДЗС Куманово кои се упатиле на лице место и ги извадиле од  земјата бојните стрества – стои во соопштението од РЦУК.

Теренот е исчистен и нема опасност, а бојните срества  се однесени на безбедно место.