Градоначалникот Јованоски реши општина Прилеп да се држи до секуларноста и не се вклучи во црковните процесии

0
575

Градоначалникот на општина Прилеп, Илија Јованоски, реши да не ја користи општината со која раководи за потребите на црковната манифестација ,,Бадникови поворки“. Тој ниту ги прими коледарите во општинскиот двор, ниту пак учествуваше во организацијата на Бадникарските поворки. Еве го ставот на локалната самоуправа од Прилеп, за оваа нова тенденција која денеска масовно беше применувана од другите градоначалници во Република Македонија:

,,Новата локална власт на општина Прилеп е почитувач на традициите на своите сограѓани. А, семејството на градоначалникот Илија Јованоски не се иззема од богатството на културни и верски традиции што ги негуваат граѓаните. Но, поаѓајќи од уставната секуларност и Општина Прилеп и градоначалникот Јованоски практицираат хабитус, којшто не се храни со популистички манири. Традицијата треба да се култивира, а не да се примитивизира. Згора,верските традиции ги остава на МПЦ како институција, и на граѓаните кои што во своите домови, во интимна атмосфера со најблиските ќе го изберат најдобриот начин како ќе ги чествуваат овие христијанските празници и како ќе ги практицираат обичаите. Среќни новогодишни и божикни празници на сите граѓани на Македонија!“-пишува во соопштението од кабинетот на градоначалникот на Прилеп, испратено на барање на порталот АКО.мк.

Денеска, низ сите градови во Македонија, беа организирани Бадникови поворки. Во Скопје прошета црковна процесија, во која беа инволвирани дури 7.320 деца, кои беа донесени од повеќе општини.

Зад иницијативата стојат свештеници на МПЦ, а градоначалниците, како политички претставници на партиите изгласани на избори, се вклучија со полн капацитет . Тие, покрај другото, учествуваа со мобилизирање на децата од основните училишта, за да учествуваат во оваа црковна иницијатива.

СПОДЕЛИ