ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА КРИВОГАШТАНИ: Категорично тврдам дека целиот имот кој во скриените портали се наведува како спорен мене ми е стекнат пред да станам како градоначалник,вклучително и становите за кои се пишува

0
339
Почитувани сограѓани
Во последниве денови се појавија написи од најразлични скриени портали како и од официјални страници на таканаречена унија на млади сили и слично,а кои се однесуваат на имотната состојба на моето семејство.При тоа,се спомнуваат станови и возила за кои се тврди дека наводно сум ги стекнал откако станав градоначалник.Се раскажуваат прикаски за некакви средства наводно прибавувани за лична корист.
Категорично тврдам дека целиот имот кој во скриените портали се наведува како спорен мене ми е стекнат пред да станам како градоначалник,вклучително и становите за кои се пишува.
Јавноста добро го познава кој е Рубин Шефтероски. Пред да стане градоначалник,имав имот стекнат со фамилијарен бизнис,што се должи на долгогодишното успешно работење на моите фирми.Голем дел од имотот ми е стекнат со земјоделска дејност,со ангажман на целата моја фамилија,која е прилично голема,при што приходите од земјоделска дејност во просек ми изнесуваат окулу 1 500 000 денари.Во 2016 година беше извршена ревизија на целокупниот имот од страна на Управата за Јавни Приходи,при што беше извршена финансиска контрола на сите членови на моето семејство.За ова постои дсоодветна документација кај мене и во Управата за Јавни Приходи.При тоа беше констатирано во целост исправно работење на моите фирми,потеклото на имотот беше докажано,а сите приходи се покажаа како пријавени.Иако целта на овие контроли беше по секоја цена да ми биде пронајдена некаква неисправност,намерата им се покажа како неуспешна.
Што се однесува до возниот парк на моето семејство,срамота е да бидам прозиван за стекнување со возило,а кое го купив и користев цела година пред да бидам избран за градоначалник ,и за кое целата јавност знае дека сум го користел како фамилијарно возило.Истото возило пред два месеци беше сервисирано во сервисот на Шевролет во Скопје и му беа сменети регистарските таблици.Тоа им е добро познато и на оние кои сега ме прозиваат преку нивните партиски портали и партиски страници и се трудат да ја излажат јавноста.Што се однесува до другото возило Хјундаи,сите жители на општината знаат дека возниот парк на моето семејство отсекогаш бил голем , дека постојано го обновувам,и дека за мојата фамилија никогаш не било проблем да набави едно такво возило кое не е некое посебно луксузно возило.
Ги повикувам сите оние , кои ја дезинформираат јавниста, да не шират свесно лажни информации,со кои самите себе си се прикажуваат како обични манипулатори.Ако сакаат, слободно нека дојдат сите во мојот кабинет,вклучително и претседателот на локалниот комитет на ДПМНЕ,за да зборуваме за фактите,наместо да испраќаат невистини до портали кои кбјавуваат од странство,за да не бидат тужени.Мојата фамилија имотот го стекнувала со труд, а не на грбот на државата,како што е примерот со именуваната личност.Токму таа личност би требало да даде отчет за зголемувањето на неговиот фамилијарен имот.Воедно,не знам зошто не реагирале како партиски комитет за полициските светла на службеното возило во време на мојот претходник.Кога јас стапив на должност,примив службено возило кое имаше вградени полициски светла и сирена.Ако некој сакал да заплашува граѓани по патот како шериф,не знам зошто тогаш неговата партија на реагирала,туку дури сега.Јас тие уреди нити сум ги користел,нити мислам да ги користам.
Ви благодарам.