Градоначалникот на Гази Баба од свој џеб донираше 70.000 денари за Снежана Крстевска, мајката на момчето кое загина во пожар

0
2299
Градоначалникот на Гази Баба, Борис Георгиевски, даде добар пример како треба првите луѓе на Општините да се грижат за своите жители. Откако „Фокус“ објави сторија за Снежана Крстевска, неподвижна жена која живее без вода во барака пред распаѓање, градоначалникот ја покажа својата хуманост и донираше 70.000 денари од својот џеб.
Освен тоа Општината донираше и 25.000 денари кои беа префрлени на сметката на Крстевска откако „Фокус“ ја објави сторијата.
Крстевска е инаку мајка на 25-годишниот Мартин Сиљанов, кој загина во пожарот што изби во салон за мопеди позади трговскиот центар Рамстор. Таа живее во трошна барака, без основни услови за живот и без вода.
Во меѓувреме се заинтересираа службите на јавното претпријатие „Водовод и канализација“ кои направија напори да и помогнат на жената. Од јавното претпријатие изминативе недели работеа на терен за да овозможат приклучок на водоводната мрежа и работата е конечно завршена. Денеска или утре водата конечно ќе протече во домот на Крстевска.
Таа останала без вода поради дефект на приклучната цевка, што предизвикувало штета кај соседот. Од ЈП Водовод и канализација – Скопје изградија нова водоводна линија од 50 метри на сопствен трошок.
Градоначалникот вели дека останува уште да се помогне во реновирање на бараката. Повторно на потег се хуманите граѓани, па Општината и градежни фирми кои се регистрирани во Гази Баба ќе дадат се од себе што е можно поскоро да се искречи бараката и да се подобар условите во кои живее Крстевска.
Инаку, мајката на трагично загинатиот Мартин боледува од дијабетес, поради што е врзана за креват. Иако е неподвижна до сега е одбивана за инвладиска пензија и живее од социјалната помош за куќна нега