Гоца и Мијалков договараат во Судскиот совет да се начукаат само партиски поттрчковци : Дај да ги избереме, сакаме да се наши!

0
115

mijalkov i jankulovska

Во вториот сет разговори што ги објави лидерот на СДСМ, Зоран Заев прикажани се три разговори меѓу судијката Александра Зафировска, Гордана Јанкулоска и шефот на тајната полиција Сашо Мијалков. Во објавените аудио снимки, тие се договараат за местење судии во Основниот суд Скопје 1, Основен суд Скопје 3 и за во Судски совет.

Во еден од разговорите Јанкулоска му објаснува на Мијалков дека судиите ги запишува по бројче во тефтер и објаснува кој ги предложил. Исто така, објаснуваат дека премиерот Никола Груевски барал да се распише оглас за двајца судии, за претседател на Основен суд 1 и за Кратово. Во разговорот меу Мијалков и Јанкулоска, тие договараат дека во Судскиот совет се ставени само партиски кадри.

– Дај да ги избереме, сакаме да се наши, тие мора да се од Академија. Тоа што претходно сме правеле, веќе не проаѓа – вели Јанкулоска.